Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер ја освои титулата на Австралија Опен совладувајќи го Рафаел Надал во финалето во пет сетови (6-4, 3-6, 6-1, 3-6, 6-3) после 3 часа и 40 минути игра.
За искусниот тенисер ова е петта титула од првиот грен слем турнир во новата сезона, а вкупно 18-та во кариерата.
Во првиот сет Швајцарецот направи брејк во седмиот гем за водство (4-3) и ги доби следните два гема за (6-4) и предност 1-0 во сетови.
Шпанецот во вториот сет ги доби првите четири гема и поведе со 4-0. Федерер доби два гема по ред за 4-2, но Надал не дозволи пресврт победувајќи во вториот сет 6-3 за егал (1-1).
Третиот сет фуриозно го започна Федерер. Прво поведе со 3-0, а после едниот гем на Надал (3-1) направи нова серија за 6-1 и во 2-1 во сетови.
Надал одново изедначи во сетови овој пат 2-2, откако на сервис од Федерер го доби четвртиот гем и стекна предност 3-1. Тај брејкот го задржа Надал до крајот и четвртиот сет му припадна со 6-3.
Деветтиот носител на АТП листата, Надал гем на противнички сервис освои на стартот од решавачкиот петти сет. Брејкот го заокружи со добивање на првиот гем на свој сервис за водств 2-0.
Федерер изгубениот гем на свој сервис го врати во шестиот гем за 3-3, а веднаш поведе со 4-3. Швајцарецот по голема борба направи уште еден брејк за водство 5-3.
Најтрофејниот тенисер во „опен ерата“, Федерер на свој сервис не погреши и ја зграпчи титулата од австралискиот грен слем турнир.
Федерер по пауза од пет години се искачува на тронот од еден грен слем турнир, откако последно победи на Вимболдон 2012 година.
OhridNews