Тенискиот судија Арнауд Габас се опоравува по успешната операција на окото. Габас настрана на дуелот од Дејвис купот меѓу Канада и Велика Британија, откако незадоволен од својата игра Денис Шаповалов удри топче со рекотот кое заврши директно во окото судијата.


– Операцијата помина успешно и сега максимално фокусиран сум за мое целосно опоравување. Сакам што побрзо да се вратам во тенисот, бидејќи премногу ми недостига. – изјави Габас кој има фрактура на очната шуплина.


Тениската селекција на Канада после инцидентот беше дисквалификувана од понатамошните мечеви, а Шаполавов доби парична казна 5 600 фунти.

OhridNews