Најдобрите двајца тенисери во светот Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на гренд слем турнирот во Австралија.
Ѓоковиќ и Федерер на идентичен начин со 3-0 во сетови ги елиминираа Кеи Нишикори односно Томаш Бердих во четвртфиналето.
Швајцарeцот четвртфиналната задача ја реши за 2 часа и 18 минути додека водечкиот тенисер во светот за 2 часа и 10 минути.
Втората полуфинална двојка ќе се дознае по одигрувањето на четвртфиналните мечеви меѓу Давид Ферер – Енди Мареј и Гаел Монфилс – Милош Раониќ.
OhridNews












