Роџер Федерер ќе игра против Новак Ѓоковиќ во финалето на УС Опен. Федерер во швајцарското финале со брилијантна игра го совлада Стен Вавринка со 6:4, 6:3, 6:1 додека водечкиот тенисер на АТП листата со 3-0 (6-0, 6-2, 6-1) го преслуша Марин Чилиќ.


Федерер в недела ќе го игра своето 27-мо грен слем финале каде ќе се обиде да ја освои 18-та титула, а Ѓоковиќ 18-то финале во својата кариеара.

Клучниот момент на мечот случи во вториот гем од првиот сет кога Вавринка не искористи три врзани брејк топки, бидејќи веќе во наредниот гем го загуби својот сервис.


Федерер и Ѓоковиќ во Њујорк ќе го одиграат својот 42-ри меѓусебен дуел, Швајцарецот има една победа повеќе.

Ohridnews