Кошаркарите на Блокотехна продолжија со притисокот над лидерот Работнички, откако го добија дербито со МЗТ Скопје (96-88) во 15-та рунда од Првата лига.

Натпреварот помина во изедначен тек. Првата четвртина им припадна на гостите 24-18, домаќините ја добија втората со 25-17 за плус два на полувремето.

„Штрковите“ ја анулираа предноста на домаќините и четвртиот период го започна со идентичен скор на семафорот. Поуспешни беа домашните кошаркари, а во финишот дербито го одбележаа зовриените страсти кои за среќа не избија во некој поголем инцидент.

Блокотехна со триумфот дојде до 13-та победа сезонава, додека актуелниот шампион го претрпе четвртиот пораз и останува на третата позиција на табелата.

Фото: Екипа.мк
OhridNews