Тензично и немирно беше на трибините на Олимпико после поразот на Лацио од Киево (0-1) во првиот меч од 21-та рунда во Серија А.


Еден лут навивач на „лацијалите“ со погрдни зборови му се обрати на Лукас Биглија, а според италијанските медиуми фудбалерот бил и плукнат. Редарите го спречија аргентинскиот репрезентативец да се качи на трибините и да се пресмета со гневниот навивач. Во одбрана на фудбалерот застана Мамаду Тункар кој немаше право за настап на дуелот со „летечките магариња“ и се пресмета со навивачот.

Поголем инцидент на Олимпико спречија редарите и обичните гледачи кои ја задржаа присебноста покрај поразот на своите миленици.

OhridNews