Дербито на Олд Трафорд помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити имало и трето полувреме кое се одвивало во соблекувалните кои се наоѓаат под трибинскиот простор.

До блиската средба помеѓу двата табори стигнало, откако Жозе Мурињо незадоволен од гласното славје на противниците ја посетил соблекувалната на „граѓаните“ и побарал да намалат со буката.

Прв кој му се спротиставил на Мурињо бил голманот Едерсон, а потоа се вклучиле останатите фудбалери од двете екипи. Како што пренесуваат англиските медиуми, Мурињо бил потурен со млеко, а асистентот на Пеп Гвардиола, Микел Артета завршил со расекотина на лицето.

Манчестер Сити со 2-1 го совлада Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд и си создаде комфортна бодовна предност од 11 бодови на табелата.

OhridNews