Теона Блажески и Иван Котевски од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид се закитија со трофеи на 14-от Интернационален Бреинобреин натпревар кој се одржа во Клотен, Цирих, Швајцарија. Во конкуренција од преку 400 учесници од целиот свет, освоија две први места односно највисоки признанија-трофеи.

Во оваа јубилејна година за Црвен крст Охрид, кога прославуваме 80 години од делувањето на нашата организација, 10 години од Меѓународниот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“, следува и одбележувањето на 15-годишниот јубилеј од работата на Центарот за развивање животни вештини, Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Токму пред 15 години во Црвен крст Охрид се одржа првиот час на Балканот и во Македонија, на интернационалната едукативна програма за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН. Со гордост ја истакнуваме 15 годишната успешна работа на Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД, која се огледа пред се во посветеноста и професионалноста на нашите тренери, упорноста и успешноста на децата кои ја следеле БОБ програма, како и поддршката на родителите, велат од Црвен крст Охрид.

Изразуваат благодарност до сите кои ја укажале довербата на центарот и БРЕИНОБРЕИН програмата и придонесле, за овие изминати 15 години, преку 600 деца да бидат дел од Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД и ја следат програмата, а 80 деца да ја комплетираат целата БОБ програма, односно успешно да ги завршат сите десет нивоа од оваа програма и како лидери во својата средина трасираат нови патишта за развивање на едно похумано и пеофикасно општествено живеење и делување.

Нашето 15 годишно искуство, резултатите од имплементација на Бреинобреин програмата и етаблираноста на нашиот центар во светски рамки, ни дава за право со гордост да продолжиме да ги промовираме уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини кои ги дава Бреинобреин програмата, имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) помагаат децата на возраст од 4-14 години да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно. Преку БРЕИНОБРЕИН програмата децата ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми, додаваат.

Jубилејот 15 години од работата на Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид ќе биде одбележан на свеченост која ќе се одржи вечерва.

 OhridNews