Синоќа околу 1 часот на кејот „Борис Кидрич“ пред ресторанот „Таџмахан“ во Струга,  едно лице од селото Велешта се здобило со убодни рани нанесени од остар предмет во пределот на градниот кош, вратот и десното уво, при нарушување на јавниот ред и мир од повеќе лица.

Од страна на УПС по добиени сознанија, утврдено е дека по горенаведениот настан, 24-годишно лице од струшкото село Радолишта со неколку други лица, со автомобил се упатиле кон куќата на друго лице од Струга.

Кога пристигнале, 24-годишниот жител од селото Радолишта излегол до автомобилот и од пиштол испукал неколку куршуми кон лицето од Струга кое се наоѓало во дворот.

Стружанецот со неколку лица се упатил кон влезната врата од куќата, каде 24-годишниот жител од Радолишта со нога ја искршил влезната врата и се обидел да влезе внатре, но бил спречен во намерата по што го напуштил местото.

ПС- Струга презема мерки за расчистување на случајот.

OhridNews