Вчеравечер околу 19,30 часот на улицата “Момчило Јордановски“ во Охрид дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка во којашто учествувале две лица, и двајцата од Охрид.
Причина за тепачката била вербалната расправа меѓу двајцата во која едниот му замерил на другиот поради недоволната партиска ангажираност во партијата во којашто двајцата членувале. Во тепачката бил употребен и метален држач за бришач од возило со што му биле зададени повреди на едниот учесник во тепачката во пределот на главата, по што лицето е пренесено во Хируршкото одделение при Охридската болница каде што биле констатирани лесни телесни повреди. СВР Охрид по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветни пријави.
Синоќа пак, во 03,00 часот во Охрид, од страна на групата за интевенција при охридската полициска станица , на повеќе улици во градот бил забележан растурен пропаганден материјал (флаери) со политички содржини со повик да се гласа за одредена политичка партија.











