
Причина за тепачката помеѓу двете групи деца, сите од албанска националност од Струга и околните струшки села, како што информираат од СВР Охрид, била нетрпеливост помеѓу двајца од учениците.
Полицијата веднаш интервенирала и ги разделила учениците, а на информативен разговор во полициската станица во Струга бил повикан еден ученик, за кој се смета дека е организатор на тепачката. Од СВР велат дека познат е идентитетот на сите учесници во тепачката, кои во придружба на нивните родители ќе бидат повикани на информативен разговор во струшката Полициска станица.
OhridNews












