Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека вчера, 11-ти април, во 20 часот и 45 минути, на локален пат во струшкото село Лабуништа, нарушен бил јавниот ред и мир со карање и физички напад извршен од страна на 46-годишен жител од истото село 22-годишно лице од селото Корошишта.
По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга против пријавениот ќе поднесе соодветна пријава.
OhridNews