Од СВР Охрид информираат за три инциденти што се случиле на подрачјето на општина Охрид и Струга.

Првиот инцидент се случил вчера, околу 14.30 часот, кога било пријавено дека на пресекот на улиците „7 ноември“ и „Васил Главинов“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир од три лица од Охрид од една страна и 37-годишен охриѓанец од друга страна. По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 24.04.2019 година во 22.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека пред куќата, сопственост на 49-годишно лице од струшкото село Радолишта, бил нарушен јавниот ред од страна на 28-годишно лице од истото село. Според пријавеното, тој упатувал закани кон семејството на сопственикот на куќата, а потоа скршил порозорци од куќата. Пријавениот бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.04.2019 година во 14,30 часот, во СВР Охрид, инспектор за културно наследство од Управата за заштита на културно наследство при Министерство за култура, пријавило нарушен јавен ред и мир на плоштадот „Чинар“, извршен од лице од Охрид. Според пријавеното, охриѓанецот вербално реагирал за вонредниот инспекциски надзор во објектот кој што е во градба непосредно до стариот чинар, што е негова сопственост. Лицето е повикано на разговор во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews