Од СВР Охрид информираат за нарушувања на јавниот ред и мир што се случиле во текот на вчерашниот ден.

Првиот инцидент се случил во Охрид, во 15.30 часот на улицата „Јане Сандански“ кога дошло до физичка пресметка помеѓу 63-годишен охриѓанец и 59-годишно лице од Скопје.

Вториот случај е забележан во атарот на струшкото село Вишни, во 7 часот, кога лице од селото Заграчани физички нападнало жител на селото Враништа.

По целосно документирање на настаните, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

OhridNews