Германскиот чувар на мрежата, Марк Андре Тер Штеген не е задоволен од третманот во Барселона и на клубот му постави ултиматум.
Тој е едноставен, ако не добива шанса за настап на Ноу Камп сака да ја промени средината по секоја цена.
– Имам 24 години и сакам да играм. Не сакам пред секој меч да чекам да го слушнам моето име од тренерот. Ако управата и тренерот сметаат на мене би останал, ако не веднаш нека ме пуштат каде што мислат. – рече Тер Штеген.
Германскиот репрезентативец на голот од Барселона ја дели минутажата со Клаудио Браво кој рака на срце повеќе добива шанса отколку Тер Штеген.
OhridNews