Во рамки на Програмата за теренско (ДДСТ)доброволно и доверливо советување и тестирање за ХИВ, организирана од НВО ХЕРА од Скопје во соработка со Министерството за здравство, под мотото „Некои работи стануваат секојдневие-направи ХИВ тест“, предвидени се промотивни активности низ целата земја.
Во организација на НВО Опција и Црвен крст, во Охрид, по повод неделата на ДДСТ од 15-20 март ќе бидат, ќе бидат резлизирани повеќе активности кои ќе бидат презентирани на средбата со новинарите во понеделник, на која ќе биде промовиран концептот на теренско ХИВ тестирање.











