Во третиот натпревар на клупата од Челси, Гус Хидинк ја забележа првата победа во Премиер лигата, а на двата претходни дуели успеа да остане непоразен.


„Сините“ под палката на Холанѓанецот влегуваат во колосек по катастрофалниот почеток на сезоната кој резултираше со отказ за Жозе Мурињо.

– Оваа игра секогаш сакавме да ја играме, но неможевме да ја практикуваме во првиот дел од сезоната. Хидинк го среди хаосот во соблекувалната и од меч во меч сме подобри и подобри. – рече капитенот Џон Тери и додаде за дуелот со Кристал Палас. – Условите за игра беа многу тешки. Врнеше многу дожд и ветар дуваше, со многу вода на теренот, но нашиот карактер излезе на виделина и успеавме да ги освоиме бодовите.

После мечот пак холандскиот стручњак изјави дека се уште „сините“ имаат шанса да обезбедат пласман во Лигата на Шампиони, нешто што пред две недели беше фантастика.

Ohridnews