Дефанзивците Давид Луиз и Џон Тери беа стреалци на головите за Челси во триумфот на “Кревен Котиџ“ над Фулам 3-0. Со овој триумф “сините“ имаат еден бод повеќе и натпревар помалку од Арсенал, кој се наоѓа на четвртата позиција.


Манчестер Јунајтед до крајот на шампионатот ќе мора да освои шест бодови или да забележи две победи за да ја осигура 20-та титула во Премиер лигата откако ремизираше против Вест Хем 2-2. Тоа нивниот градски ривал Манчестер Сити го искористи и ја врати неизвесноста победувајќи го Виган со 1-0.

Во наредното коло Манчестер Јунајтед го пречекува тимот на Астон Вила додека Манчестер Сити гостува кај екипата на Тотенхем.

Мх.П.