По бурната реакција на фудбалерите од Челси и добрата глума на Оскар холандскиот судија Бјорн Кјуперс го исклучи Златан Ибрахимовиќ.


Ниту тоа не му помогна на „сините“ кои доживеа елиминација од ПСЖ поради правилото гол во гости.

– Единството е тимска одлика, а и навивачите сакаат да го видат тоа. Нашата реакција после стартот на Ибрахимовиќ не беше добра, но во тој момент размислуваш само на својот соиграч. Тие наметнаа такво нервозно темпо на игра и затоа можеби и се случи стартот на Ибра. – рече Џон Тери.

Критики за играта и пред се бурните реакции фудбалерите на Челси добија од стручните коментатори на англиската телевизија Скај спорт.

Мх.П.