Долгогодишниот капитен на „сините“, Џон Тери поради почит кон Челси нема да игра следната сезона во Премиер лигата.

Дефанзивецот на маса имал понуди од Стоук, Свонси и други премиерлигаши, но тој се одлучи да потпише едногодишен договр со Астон Вила која се натпреварува во Чемпионшип дивизијата.

Тери повеќе од две децении беше дел од тимот на Челси минувајќи ги сите млади категории и носејќи го дресот на првата екипа.

OhridNews