Фудбалерот на Челси, Џон Тери скапо ги плати сликите постирани од одморот со семејството во Франција, откако непознати сторители провалиле во неговата викендица.


Како што пренесува таблоидот „Сан“ работите и предметите во вилата вредна пет милиони фунти која се наоѓа во Сари биле превртени, а крадците изнесле накит вреден десет илјади фунти.


Полицијата во Англија јавно побара од сите кои одат на одмор да не постираат премногу слики на социјалните мрежи, бидејќи тука крадците собираат информации кој и каде се наоѓа и можат лесно да оперираат.

OhridNews