Покрај високиот пораз претрпен на “Сантијаго Бернабеу“ тренерот на Галатасарај Фатих Терим сеуште верува во дека неговата екипа може да избори пласман во полуфиналето од Лигата на Шампиони.


– Во фудбалот се е можно. Нормално кога играш против Реал ништо не е онака лесно како што ни се чини. Ние ќе пробаме, моите играчи имаа голема амбиција и ќе направиме се да успееме –
истакна Фатих Терим.

За тоа да се случи на Галатасарај му е потребна победа од 3-0 или триумф со повеќе од четири голови.

Мх.П.