Термините на контролите во болниците ќе се објавуваат на веб страната на министерството
13.11.11 14:40
Со промовираната нова, четиригодишна програма за мониторинг на болниците, секоја од здравствените установи ќе биде контролирана на точно утврдени датуми објавени на веб страницата на Министерството, но ќе има и ненајавени инспекции.
Како што потенцира министерот за здравство, Никола Тодоров, со таквиот начин на контрола им се упатува порака на директорите на сите јавни здравствени установи дека одржувањето на високото ниво на хигиена е еден од условите за добро функционирање на установите.
– Доколку во ненајавените контроли констатираме состојба која е различна од таа при најавената, тогаш ќе има двојна санкција за директорот. Доколку двапати по ред има двојна санкција за директорот на јавната здравствена установа тогаш ќе го смениме директорот, рече Тодоров.
Досега, од најавените контроли во здравствените установи во Македонија, инспекциските служби посетија неколку клиники во Скопје. Кај 4 од нив било утврдено дека хигиената не е на потребното ниво, за што ќе бидат превземени одредени санкции кон директорите.
Легендарниот хрватски пејач Мате Мишо Ковач почина денеска на 85-годишна возраст, објавија хрватските медиуми ХРТ, повикувајќи се на информации на „Слободна Далмација“, објави дека Ковач починал во...
На 30102026 во 1430 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е 39-годишно лице од Струга кој претходно, кај месноста „Мечкина дупка“ во близина на Охрид е затекнат како запалил оган и горел гуми и пла...
Во соработка со Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид, во ОУ „Братство Единство“ беа реализирани превентивно-едукативни предавања на тема „Безбедно и одговорно користење на социјалните мре...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.