Настапот на македонскиот ракометен шампион Металург против Загреб во Лигата на Шампиони го помести стандардниот ракометен термин. Така место в недела, охридските “гладијатори“ в сабота од 18.30 ќе го пречекаат Ѓорче Петров 64, во рамките на третото пролетно коло.


Кај охриѓани се уште трае горчината од изречените казни на РФМ, но сите сили на спортскиот терен ќе настојуваат да го победат ривалот и да ја продолжат трката за пласман на втората позиција на табелата.


Ќе им покажеме на сите дека кога е најтешко ние сме најјаки.Се додека неправилно не казнуваат само нас, ние сме се посилни. Ги покануваме сите љубители на ракометот да ја наполниме салата во сабота во 18:30 и да им приредиме една незаборавна спортска атмосфера на гостите од Скопје – велат од клубот.

Наредниот ривал на охриѓани не е воопшто наивен противник, а за тоа говори последниот триумф во лигата и тоа над „неприкосновениот“ Текстилец.

М.П.