Во експлозија близу автобусот на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд повреден е шпанскиот играч Марк Бартра, пренесуваат германските медиуми.


Експлозијата која го погодила тимскиот автобус на Борусија Дортмунд се случила на некои десет километри од стадионот „Вестфален“, и од скршеното стакло бил повреден еден играч на клубот, односно Шпанецот Марк Бартра.


Популарните „милионери“ требаше да го одиграат првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против францускиот клуб Монако, но сега натпреварот и официјално е откажан и презакажан за в среда.

OhridNews