
Портпаролот на полицијата информирал дека непосредно пред нападот стигнала закана дека Индонезија може да биде следна мета на терористики напади на Исламаската Држава.
Според првични информации, нападот го извршиле 10-14 терористи кои на местата стигнале со мотоцикли, по што истрелале проектили кон објектите. Најмалку еден од нив се разнел откако активирал елек со експлозив. Потоа следувало и пукање, веројатно од крововите на околните згради.
Во делот од градот каде што се случиле нападите се наоѓаат неколку луксузни хотели, канцеларии и амбасади, вклучувајќи го и дипломатското претставништво на Франција.
OhridNews











