Денеска, на СРЦ „Билјанини Извори“ официјално стартуваа тест натпреварите од подготвителниот период на македонските фудбалски клубови.

Завесата во Охрид ја кренаа екипите на Ренова и Струга Трим Лум. Нивниот меч заврши без победник 1-1. „Гипсарите“ поведоа со голот на Аљуш Гавазај во првиот дел, а во второто полувреме изедначи Нијас Лена.

Работнички со победа од 2-0 над повратникот во елитата Пелистер ги започна подготовките во Охрид. За „романтичарите“ стрелаа Горан Силјаноски и Ломба.

Во неофицијален контролен натпревар прволигашот Шкупи со 3-1 го совлада Охрид. Двете екипи одиграа еден час фудбал.

Контролните мечеви во Охрид ќе продолжат следната недела.

OhridNews