Прекината е победничката низа на Колибирите кои на гостувањето кај Студент претрпеа пораз со половина кош 58-57.


Слабата прва четвртина која охриѓанки ја загубија со 22-7, се покажа како одлучувачка во поразот.  Балазоска со 27 поени беше најпрецзина на мечот, во кој уште во листата на стрелци се запишаа Ангелоска 6, Рајчиноска 11, Цветаноска 7 и Миладиновска 6 поени.


До втората победа во првенството стигнаа кошаркарките на Струга кои со 52-47 ги победија Водњанаски Лисици. Најпрецизна во победничкиот тим беше Васлевска со 15 уфрлени поени.

Резултати : Tрокал – Вигор 69-63, Бадел – Клубски 67-75, Струга – В.Лисици 52-47, Младинец – пантери 53-46, Студент – Колибри 58-57.

Табела: Вигор Скопје (4-1), Младинец (3-2), Колибри (3-2),  Бадел.К (3-2) Струга (2-3), Клубски (2-3) Пантери (2-2), Трокал (2-2) Вод. Лисици (1-4), Студент (1-4)