Охридските ракометари со тесен пораз 25-24 од составот на Ловќен ги завршија тест средбите и ги заокружија еднонеделните подготовки во Будва, Црна Гора.

Лошиот почеток на натпреварот на охриѓани, одлично го искористи тимот на Ловќен кој поведе со 4-5 голови разлика. Предноста домашниот состав ја задржа до крајот на полувремето.

Во второто полувреме, „гладијаторите“ ги намалија грешките на минимум, но не успеаја да ја анулираат предноста на Ловќен, кој славеше со 25-24. Најпрецизен во составот на Охрид беше Денис Тот со шест голови, а еден помалку постигна капитенот Крсте Андоновски.

Во претходните два натпревари охридските ракометари славеа на дуелите со Тиват односно Будва. Охридската експедиција денеска се враќа во Охрид. Нова тест средба ги очекува в среда на домашен терен против тимот на Беса Фамгас. Натпреварот ќе биде од хуминатарен карактер.

OhridNews