Ватерполистите со полна “пареа“ ги поминуваат подготовките за ЕП, на турнирот  во Турција совладана беше селекцијата на Холандија со тесни 11-10. За “црвено жолтите“ победата над Холандија е втора на турнирот “Митхал Хантал“ откако во првиот меч беше совлада Турција.

Во последниот натпревар на турнирот, Македонија ќе ги одмери силите со Романија а селекторот Гочанин може да биде задоволен со извојуваните триумфи над Турција и Холандија бидејќи токму овие две селекции се во иста група со Македонија на престојното Европско првенство.

Мх.П.