По комплетирањето на кошаркарските селекции учесници на Олимписките игри во Рио беше извршена ждребка во која лоша помина нашиот северен сосед Србија, а нешто подобро мина Хрватска.


„Орлите“ за противници во А групата ги добија бранителот на трофејот од Лондон, Америка, Франција, незгодната Австралија, Нигерија и Венецуела.

„Коцкестите“, пак, ќе се сретнат со Европскиот шампион, Шпанија, Литванија, силната Аргентина, Бразил и Кина.

Кошаркарските мечеви заедно со спринтерските трки во атлетиката се најгледаните манифестации речиси на секои Олимписки игри, а истиот епилог се очекува и во Рио.

OhridNews