На 11- ти јуни, во СВР Скопје пријавено е  дека во периодот од 8- ми до 11- ти јуни годинава, на бул. „Македонско Косовска Бригада“ во Скопје, во магацин на АД „ЕМО“-Охрид, непознат сторител со употреба на погоден предмет насилно влегол внатре и извршил тешка кражба. При тоа, биле одземени проводници и разновиден алат, со што лицето се стекнало со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

OhridNews