Како што информираат од министерството за внатрешни работи, на 07/08.08.2011 година, во село Корошишта- струшко, со употреба на погоден предмет извршена е тешка кражба во куќата на М.Ш.(34), од каде е одземена метална каса во која имало 34.000 евра, 200 швајцарски франци, 100 куршуми калибар 9 мм и поголема количина златен накит.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.











