Во периодот од 29-ти октомври до 1-ви ноември, во црквата „Св.Илија“ (атар на село Радожда) била извршена тешка кражба од страна на непознат сторител. Како што било пријавено во Полициската станица во Струга, сторителот, насилно ја отворил влезната врата од задната страна на црквата, се упатил кон иконостасот од каде одзел две табли изработени од резбано дрво и уште три резбани дела, по што го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
OhridNews












