Манчестер Сити прокнижи нови три бодови на табелата по тешкиот извојуван триумф над Барнли (2-1), додека Сандерленд и Ливерпул го поделија бодовите ремизирајќи (1-1) во 20-та рунда во Премиер лигата.
„Граѓаните“, до победата стигна со фудбалер помалку, откако при резултат 0-0 во 38-та минута црвен картон доби Фернандињо.
Со головите на Гаел Клиши и Серхио Агуеро во 58-та односно 62-та минута домаќините стекнаа предност 2-0, а гостите до крајот успеаја само да го ублажат поразот.
„Црвените“ од Енфилд два пати имаа водство на дуелот со Сандерленд, но освоија само бод. Прво, Стариџ погоди за 1-0, а Дефо од пенал изедначи 1-1. Мане во вториот дел донесе ново водство за Ливерпул, но подоцна направи пенал кој Дефо го реализираше и ги постави конечните 2-2.
Резултати: Мидлзброу – Лестер 0-0, Евертон – Саутемптон 3-0, Мен Сити – Барнли 2-1, Сандерленд – Ливерпул 2-2, ВБА – Хул 3-1, Вест Хем – Мен Ју.
OhridNews