Навивачите на Јувентус остро ја нападна светска куќа на фудбалот (ФИФА) и хрватска репрезентација, откако Марко Пјаца поради повреда ќе отсуства од терените најмалку шест месеци.


Младиот фудбалер ги скина предните вкрстени лигаменти и менискусот на контролниот натпревар меѓу Естонија и Хрватска кој „коцкастите“ неочекувано го изгубија со 3-0.

Подржувачите на „старата дама“ на социјалните мрежи остро ја нападаа ФИФА, а јавно ја прозиваа хрватската фудбалска селекција за повредата на Пјаца.

„Бјанконерите“ спортски „војуваат“ на три фронта и секој повреден фудбалер е голем минус за тренерот Масимилијано Алегри кој се уште нема никаква реакција.

Мала олеснителна околност за клубот од Италија е одлуката на ФИФА да ја исплаќа платата на Пјаца до целосното негово опоравување.

OhridNews