На кружниот тек на булеварот Туристичка, кај Мини маркет, вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа во која се повредени двајца пешаци, од кои еден потешко.
Инцидентот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Според првичните неофицијални информации до несреќата дошло кога автомобил од засега непознати причини изгубил контрола, преминал преку кружниот тек и излетал од колововозот на спротивната лента, при што удрил во двајца пешаци, истакна Димоски.
На местото на настанот присутни се лекарски екипи, како и полициски службеници кои го регулираат сообраќајот, но и голем број граѓани кои загрижено следат што се случува.
На местото на несреќата во тек е увид.
Г.М.