Попладнево нешто по 18ч. на патниот правец Охрид-Кичево, помеѓу селата Ботун и Ново Село се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило камион и два автомобили.
Како што неофицијално дознаваме, во несреќата тешко се повредени две лица кои се пренесени на болничко лекување.
Информациите за немилиот настан ги потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој истакна дека во тек е увид на местото на несреќата и повеќе информации најави во текот на утрешниот ден.
Поради несреќата, сообраќајот на овој дел од патниот правец Охрид-Кичево се одвива забавено.
Г.М.