Две возила вечерва се судрија на автопатот во изградба Охрид-Кичево, во близина на Охридскиот аеродром.
Несреќата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој истакна дека повеќе лица се пренесени во Специјализираната болница “Св. Еразмо” во Охрид, но засега нема потврдени информации за нивната здравствена состојба.
На местото на несреќата присутни се екипи на брзата помош, противпожарната единица Охрид и сообраќајната полиција.
Во тек е увид.
Г.М.