Според првичните информации, вечерва на автопатот во изградба Охрид – Кичево, во близина на селото Издеглавје, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, два автомобила со тетовски регистрации и едно комбе со струшки таблички, кое излетало од коловозот. Информацијата за настанот ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Неофицијално, во несреќата има и жртва.

На местото на настанот во тек е увид, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента, поради што формирана е долга колона од возила.

Г.М.