Вчера околу 15 часот и 20 минути, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, се случи тешка сообраќајна незгода во која лицето В.Д. роден 1985 година од Охрид се здоби со тешки телесни повреди.

Незгодата се случила на околу 350 метри пред хотелот „Гранит“  во момент кога сега тешко повредениот, управувајќи мопед марка „Пежо“ со опхридски регистарски таблички, во правец кон Охрид, од засега непознати причини, преминал на левата сообраќајна лента наменета за движење на возила од спротивен правец и директно се судрило со патничко моторно возило марка „Нисан“ со грчки национални ознаки, а управувано од албанскиот државјанин Ј.Г. роден 1969 година од Корча. Притоа, возачот на мопедот се здобил со фрактура на черепот и двете нозе, по што е итно пренесен и задржан на лекување во општата болница во Охрид.

На лице место, извршен е увид во присуство на истражен судија и заменик јавен обвинител при Основниот Суд во Охрид, а денес  врз патничкото моторно возило и мопедот беше извршено стручно вештачење, соопшти СВР Охрид.

OhridNews