69 годишен охриѓанец загина во тешка сообраќајна несреќа, која се случи вечерва, околу 18 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Мешеишта.
Од Секторот за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи за „OhridNews“ информираат дека во сообраќајната незгода учествувале две патнички возила, „Форд Мондео“ и „Сузуки Свифт“.
69 годишниот возач на „Сузукито“ по несреќата бил пренесен во охридската Општа болница, каде околу 21 часот им подлегнал на повредите.
OhridNews