Четиринаесет повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево на делница од автопатот Табановце – Куманово, jaви телевизија Телма. Во сударот учествувале еден автобус и два автомобили. Од МВР за Телма потврдија дека меѓу повредените е и поранешниот министер за финансии на Албанија, Арбен Ахметаи, кој бил во еден од автомобилите.
Во несреќата две лица со потешки повреди и се префрлени на клиниките во Скопје, а другите се хоспитализирани во болницата во Куманово. Од МВР засега нема детали како дошло до сударот кој се случилоколу 17.30 часот на клучката од автопатот со магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.
OhridNews