Синоќа, во 2 часот и 10 минути, на магистралниот пат Охрид- Кичево, кај Подмољје во близина на хотел Амбасадор се случи тешка сообраќајна незгода во која две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а едно лице со полесни.

Во сообраќајанта незгода учествувале две патнички моторни возила Застава 101 и Ауди, со струшки и дебарски регистарски таблици.

До несреќата дошло кога возилото Застава 101 кое се движело во правец од Охрид кон Кичево преминало на спротивната сообраќајна лента и со предниот дел од возилото удрило во Аудито. Со тешки телесни повреди се здобил возачот, роден 1973 година и сопатникот, роден 1992 година, кои се наоѓале во возилото Застава 101. Едно лице е со полесни телесни повреди. По несреќата тие се пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо.

На местото на несреќата е извршен увид од истражен судија, заменик јавен обвинител, екипи на СВР- охрид и вешто лице.

На истото место, само пред неколку дена, се случи тешка сообраќајна незгода во која животот го загуби едно лице.

OhridNews