Вчера, во 8.10 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, помеѓу авто-кампот „Елешец“ и село Пештани, се случила тешка сообраќајна незгода. Во сообраќајната незгода учествувало возило „Даеву Нексија“, со охридски регистарски таблици кое било управувано од 38-годишна жена од Пештани.

До незгодата дошло кога жената изгубила контрола над возилото и со истото удрила во дрво. При тоа, се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Болницата „Свети Еразмо“, каде била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица за Безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид.

OhridNews