Новата сезона во НБА лигата започна со два спектакуларни натпревари, но и со една тешка повреда која засени се` што направија ѕвездите на почетокот.
Во првото полувреме на дуелот помеѓу Кливленд – Бостон гостинскиот кошаркар, Гордон Хејфорд ја скрши ногата и ги остави без здвив сите присутни во салата. На триумф се радуваше домашниот состав со 102-99, но повредата го одбележа мечот. Поентерски во составот на Кливленд се истакна, Леброн Џејмс со 29 поени, додека Чеди Осман не настапи на мечот.
Фантастичен натпревар на западот одиграа актуелниот првак Голден Стејт и Хјустон кој заврши во корист на гостите со тесни 122-121. „Ракетите“ до победата во дербито стигнаа со пресврт во последната четвртина која ја добија со високи 34-20.
Резултати: Кливленд – Бостон 102-99, Голден Стејт – Хјустон 121-122
OhridNews