Тешки денови ги очекуваaт Кристијано Роналдо и останатите бунтовци против тренерот Рафа Бенитез откако првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез му даде силна поддршка.
Бенитез се најде на удар од критичарите по убедливиот пораз од Барселона во дербито „Ел класико“.
– На состанокот на раководството на клубот одлучивме да му дадеме голема поддршка на Бенитез. Тој само што ја започна својата работа во нашиот клуб и нема потреба за промена. – рече Перез.
Тој додаде дека Роналдо не побарал заминување од Бенитез и јавно го повика навивачите за поддршка во тешките моменти во кои минува „кралскиот клуб“.
Ohridnews











