На 03.07.2025 во 18.30 часот, во Полициската станица Струга е пријавено дека, во селото Лабуништа, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици, управуван од малолетник и електричен тротинет, управуван од малолетник, двајцата од селото Лабуништа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга.

OhridNews