Несреќата се случила вчера во 11:00 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум во која учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 87-годишен жител на Скопје и мотоцикл „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 29-годишно лице од с.Мислешево, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Охрид.

OhridNews