На 16.04.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај с.Другово, кичевско, патничко возило „бмв х6“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 53 годишно лице од с.Ливада, струшко, удрило во пешакот 53 годишно лице од с.Другово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево, информираат од МВР.

OhridNews